За Сигал

СИГАЛ

Сигал авто делови дооел Струмица е основана во 1995 година од страна на управителот г-дин Аце Колевски и до денес е лидер во трговијата, увозот и дистрибуцијата на автомобилски резервни делови, масла, гуми, батерии, козметика и друго.
Повеќе од 30 години, авто деловите SIGAL се синоним за квалитет, ефективност и висок степен на професионализам и кон нашите клиенти и кон нашите добавувачи.
Од обични до најнови модели на врвни резервни делови, комплети, масла, гуми, батерии, електроника, додатоци, козметика и се што ви треба за модерните автомобили денес.
Имаме на залиха преку 35000 артикли од светски познати брендови како што се SWAG, FEBI BILSTEIN, MANN FILTER, FILTRON, BLUE PRINT, STAR DIESEL, NISSENS, VICTOR REINZ, VALEO, REINHOCH, PASCAL, NRF, BTA,  WUNDER FILTER, GATES, NGK, CONTINENTAL CONTITECH, NEOLUX, ZF, THERMOTEC, EXIDE, ROMBAT, ABE, LUK, FAG, INA, LPR, SACHS, TRW, BOSCH, MICHELIN, BF GOODRICH, TIGAR, WINDFORCE, Моторни пили STIHL и многу други.

Од 2014 година сме генерални увозници на реномираната компанија SWAG.
Со над 35000 артикли резервни делови, масла, козметика, нудиме сигурен и докажан германски квалитет за секое возило.
Повеќе од 10 години сме ексклузивни дистрибутери за Струмица и регионот на најдобрите брендови на батерии во светот, групацијата за технологии Exide USA, Хаген Германија и Rombat by Metair.

Располагаме со најголема залиха и асортиман на батерии за автомобили со и без старт-стоп, комерцијални и транспортни возила, мотоцикли, градежна и земјоделска опрема, батерии за соларни и ups системи, генератори и друго.
Автоделови SIGAL е застапник и на светски познатите брендови на гуми како MICHELIN, BF GOODRICH, TIGAR, UNIROYAL, PETLAS, WINDFORCE и други премиум брендови кои нудат безбедност на вашето возило при сите временски услови.
Располагаме со голема залиха на летни, зимски и MS гуми за автомобили како и за градежни и земјоделски машини, мотоцикли, машини и друго.
Покрај продажбата на веќе познатите брендови за автомобилската индустрија, Сигал стана овластен застапник за светски познатиот бренд STIHL Германија за Струмица.